Лукашенко помилува 8.000 затвореници во пресрет на 80-годишнината од победата во Втората светска војна

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша закон за помилување на речиси 8.000 затвореници по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, јави белоруската агенција „Белта“.

За поголемиот дел од осудените, главни услови за примена на амнестија се целосно надоместување на штетата предизвикана од кривичното дело, како и препорака со позитивен карактер во периодот на издржување на казната.

Законот предвидува ослободување од казнување и други мерки на кривична одговорност или ублажување на казната за сторени кривични дела кои не претставуваат голема јавна опасност или се помалку сериозни за одреден број категории осуденици.

Би можело да ве интересира

Лукашенко (71) се дружи со 22 годишна манекенка – многу често се заедно

А1он

Лукашенко: Белорусија е подготвена за голем договор со САД

А1он

Лукашенко: Трамп му покажа на светот дека САД не се семоќни

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од граѓаните во Белорусија

Лукашенко: Киднапирањето на Мадуро е поврзано со предавство и заговор

А1он