Лукашенко изрази жалење за употребата на специјалните сили во протестите

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко синоќа изјави дека жали што за враќањето на редот во земјата морале да бидат употребени специјалните сили.

– Би сакал уште еднаш да истакнам, многу ми е жал што моравме да искористиме одредени единици, особено оние од силите за специјални операции, за да го вратиме редот во земјата, кажа Лукашенко пред членовите на Советот за национална безбедност, пренесе Тасс.

Лукашенко победи на претседателски избори на 9 август, кои опозицијата ги оспори. Следеа секојдневни протести, во кои имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, а неколку илјади демонстранти беа уапсени.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина