Лукашенко го обвини Обама за „американски екцепционализам“

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска упати остри критики на сметка на американскиот колега Барак Обама, правејќи паралела меѓу нацизмот и како што рече, „американскиот екцепционализам“.

Екцепционализам или национална исклучивост претставува уверување дека некоја држава или народ ги одликуваат специфични карактеристики заради кои врз за нив не важат општите правила или критериуми што се валидни за другите, „обичните“ групи.

Лукашенко, во интервју за казахстанската телевизија 24.кз, истакна дека Белорусија веќе го преживеала тој екцепционализам, кој ја чинел 50 милиони животи.

Американските медиуми наведуваат дека оваа бројка веројатно се однесува на жртвите од нацизмот во Советскиот сојуз во текот на Втората светска војна, иако повеќето историчари сметаат дека реалната бројка изнесува меѓу 20 и 30 милиони жртви.

Обама, по смртоносниот напад со хемиско оружје, на крајот на август во предградие на Дамаск, во обид да го обвини сирискиот режим изјави дека во прашање се доведени американските идеали и принципи.

– Тоа е она што ја издвојува Америка. Тоа е она што нас не прави посебни, изјави тогаш Обама.

Лукашенко, во интервјуто што денеска беше емитувано во Белорусија, изјави дека е изненаден од тоа што Обама ја застапува ваквата реторика, имајќи предвид дека доаѓа од земја „каде црнците не така одамна беа робови“.

Рускиот претседател Владимир Путин, во авторски текст во „Њјујорк тајмс“, што беше објавен во септември, исто така, ја критикуваше изјавата на Обама дека САД се посебни.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад