Лукашенко: Европјаните може да предизвикаат трета светска војна со нивната хибридна кампања против нас, Русите и Кинезите

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Европа, со хибридната војна која ја води против неговата земја, Русија и Кина, ризикува да предизвика нов светски воен конфликт.

„Европјаните, кои насочуваат хибридна војна против нас, Русија, па дури и Кина, не само што создаваат жариште на силна напнатост, туку и поттикнуваат трета светска војна“, рече белорускиот претседател во интервју за „Скај Арабија“.

Лукашенко нагласи дека под Европјаните ги подразбира исклучиво „лудите политичари“ од европските земји, а не и нивните народи.

Според неговото мислење, причината за таквото однесување на Европа е тоа што државите не се самостојни во своите политики и се наоѓаат во позиција на колонијална зависност од САД.

„Односите на САД и земјите од Западна Европа се односи меѓу метрополата и колониите,“ оцени Лукашенко, чија земја во изминатите месеци повторно се најде на удар на санкции од ЕУ и САД, поради неговото недемократско владеење. Тој како пример за овие односи го наведе неодамна откриениот случај на шпионирање на европските лидери од страна на американската владина агенција НСА од 2012 до 2014 година, со помош на Данска.

Лукашенко рече и дека колективниот Запад доживеал неуспех во обидот да ја спроведе „обоената револуција“ во Белорусија, како и дека Русија останува главниот партнер на неговата земја.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина