Лукашенко: Белоруските воени авиони се модифицирани и можат да носат нуклеарно оружје

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека белоруските воени авиони се модифицирани за да можат да носат нуклеарно оружје.

Тој рече дека надградбата била направена по неговиот состанок во јуни со рускиот претседател Владимир Путин, кој понудил реконструкција на белоруските авиони во руските фабрики.

Русија ја искористи територијата на Белорусија за да ја нападне Украина на почетокот на војната, а Москва и Минск одржуваат блиски воени врски.

Лукашенко ги предупреди САД и нивните сојузници да не ја „провоцираат“ Белорусија и додаде дека се „избрани цели“ за реакција доколку САД не го послушаат неговото предупредување.
Тој не прецизираше колку авиони се модифицирани. Кремљ засега не реагира на изјавата на Лукашенко.

Претходно оваа година, Лукашенко рече дека неговата земја би можела да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје таму доколку САД и нивните сојузници постават такво оружје во Полска и Литванија, членки на НАТО кои граничат со Белорусија.

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Путин: Руското тактичко нуклеарно оружје е во Белорусија

Во Белорусија произведуваме лансери за „Орешник“, чекаме проектили од нашиот постар брат, вели Лукашенко

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски