Лукашенко: Белорусија нема пријатели; Кремљ одговара – ние сме браќа

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко оцени дека Белорусија нема пријатели во светот.

– Обрнете внимание на мојата фраза: немаме пријатели во светот, беше цитиран шефот на белоруската држава на официјалната веб-страница на претседателот.

Зборувајќи за социо-политичката состојба во земјата, Лукашенко истакна дека „има многу да се каже, но тоа ќе се случи со време“. – А нијансите не се за сега, додаде тој.

Коментирајќи ја изјавата на Лукашенко, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги истакна тесните врски меѓу двете земји.

– Ние одиме со премиса дека ваквата изјава тешко дека може да се однесува на Русија, изјави портпаролот пред новинарите откога од него беше побаран коментар.

– Русија и Белорусија се дел од Сојузот Русија-Белорусија (Сојузна држава Русија и Белорусија – конфедерален ентитет), повтори Песков.

– И ние сме повеќе браќа отколку пријатели, потенцираше Песков.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија