Луѓето во најразвиените земји повеќе му веруваат на Путин, отколку на Трамп

Од:

Граѓаните на 13 развиени земји во светот повеќе им веруваат на претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг отколку на американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од независниот истражувачки центар Пју (Pew Research Center) со седиште во Вашингтон.

Истражувањето е спроведено меѓу испитаници од Јапонија, Австралија, Канада, Велика Британија, Холандија, Јужна Кореја, Шпанија, Италија, Шведска, Франција, Данска, Германија и Белгија. Учесниците беа прашани за нивната доверба во шесте лидери на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина – и нивниот пристап кон меѓународните прашања.

Според резултатите, жителите на овие држави имаат најголема доверба во германската канцеларка Ангела Меркел (76 отсто од испитаниците), нешто помалку во францускиот претседател Емануел Макрон – 64 отсто, а 48 проценти од анкетираните имаат доверба во британскиот премиер Борис Џонсон. Вкупно 23 отсто од испитаниците од 13-те земји имаат доверба во Владимир Путин во неговиот пристап кон меѓународните односи, во Си Џинпинг – 19 отсто, и најмалку, – 16 проценти во Трамп.

Мнозинството од анкетираните кои изразиле доверба во Путин се жители на Италија (37 отсто) и Германија (31 отсто). Жителите на Јапонија имаат најмногу доверба во Трамп – 25 проценти од испитаниците.

Студијата е спроведена по телефон меѓу 13.273 возрасни лица од 13 развиени земји, во периодот од 10 јуни до 3 август.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Трамп повлекува 20.000 американски војници од Европа

Куран е новиот директор на американската Тајна служба

Трамп за враќањето во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп е во право, Европа многу малку троши за одбраната, вели првиот човек на НАТО

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски