Луѓе во Австралија јаделе токсичен спанаќ, па развиле халуцинации и делириум

Од:

Откако некои луѓе во Австралија конзумирале токсичен спанаќ, развиле халуцинации и делириум. Имено, на девет лица им била потребна медицинска помош откако изеле млад спанаќ произведен од Ривиера Фармс.

Здравствените власти известуваат дека отруените имале и забрзан пулс и заматен вид. Тие предупредија дека сите пакувања спанаќ од таа марка со рок на траење до 16 декември не се безбедни за консумирање и треба да се фрлат. Ривиера Фармс соопшти дека спанаќот најверојатно бил загаден со плевел, но дека тоа не се случило со ниту еден друг производ.

„Никој не умре, па затоа сме многу задоволни. Се надеваме дека ќе остане така. Но, овие луѓе се прилично болни. Некои халуцинираат, гледајќи работи што ги нема“, рече доктор Дарен Робертс од државниот Информативен центар за отрови, објави Би-Би-Си.

Портпаролот на Ривиера Фармс рече дека тие веднаш ги презеле сите неопходни мерки и побарале од продавниците да го отстранат овој производ од своите полици. Досега симптоми на труење пријавиле само граѓани во областа Сиднеј.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он