Луд Полјак со секира нападнал туристи во кралскиот замок „Вавел“, крај Краков

Од:

Престапник, вооружен со секира, нападна туристи во историската престолнина на Полска – градот Краков. Тие ја разгледувале најпознатата знаменистост во земјата – кралскиот замок „Вавел“.

Нема жртви, соопшти локалната полиција, цитирана од светските агенции. Четириесет и осумгодишниот жител на Краков се обидел со возило да се искачи на ридот, каде се наоѓа дворецот. Меѓутоа, запрел крај препреките и се нафрлил врз група туристи, придружувани од католички свештеник.

Во инцидентот се вмешало обезбедувањето на замокот. Чуварите пукале во воздух и во тркалата на автомобилот, со кој напаѓачот се подготвувал да избега.

Никој не настрадал и човекот бил приведен. Во моментов тој е на распит во полицијата.

– Се чини станува збор за напад на луд човек, за локалната телевизија коментира Дариуш Новак, портпарол на краковската полиција.

На првиот распит напаѓачот изјавил дека „Вавел е негов дом и тој не сака таму да гледа странци“.

Во најскоро време тој ќе биде подложен на медицински преглед. Ситуацијата во кралскиот замок, секој ден посетуван од илјадници туристи, постепено се нормализира.

Чуварите и локалните власти веќе размислуваат какви препреки да монтираат за да не може веќе никој без специјална дозвола да влезе со автомобил во музејскиот комплекс.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази