Луд Полјак со секира нападна туристи во дворецот Вавел во Краков

Од:

Луд Полјак вооружен со секира нападна туристи во историската престолнина на Полска – градот Краков. Тие ја разгледувале најпознатата знаменистост во земјата – кралскиот замок „Вавел“. Локалната полиција соопшти дека нема жртви во инцидентот.

Четириесет и осумгодишниот жител на Краков се обидел со возило да се искачи на ридот, каде се наоѓа дворецот, но запрел крај препреките и се нафрлил врз група туристи, придружувани од католички свештеник.

Во инцидентот се вмешало обезбедувањето на замокот. Чуварите пукале во воздух и во тркалата на автомобилот, со кој напаѓачот се подготвувал да избега.

Никој не настрадал и човекот бил приведен. Во моментов тој е на распит во полицијата.
– Се чини станува збор за напад на луд човек – за локалната телевизија коментира Дариуш Новак, портпарол на краковската полиција.

На првиот распит напаѓачот изјавил дека „Вавел е негов дом и тој не сака таму да гледа странци“. Во најскоро време тој ќе биде подложен на медицински преглед.

Ситуацијата во кралскиот замок, секој ден посетуван од илјадници туристи, постепено се нормализира. Чуварите и локалните власти веќе размислуваат какви препреки да монтираат за да не може веќе никој без специјална дозвола да влезе со автомобил во музејскиот комплекс.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците