И во услови на тековната политичка криза, Либералната партија (ЛП) да дозволи стресот за учениците и родителите наречен „екстерно тестирање“ да помине незабележано и уште еднаш бараме екстерното тестирање веднаш да биде прекинато, се вели во партиското соопштение.
Опозициската партија вели дека оваа операција прави многу штета и кај учениците и за образованието воопшто.
„Имено, не само што тој влијае на психата на учениците и родителите, туку учениците ги доведува до нееднакви услови, судирајќи го оценувањето во редовниот образовен процес и она преку екстерното тестирање. Ова особено се однесува на одделенската настава од IV и V одделение (ученици од 8-9 годишна возраст), кои имаат комбинирано оценување (описно и бројчано), а оценките од овие одделенија не влегуваат во просекот за упис во средните училишта.ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА смета дека за нив екстерното тестирање е огромен напор и предизвик, кој може негативно да влијае на процесот на понатамошна едукација и воспитување. Уште една од причините за потребата од итно прекинување на екстерното тестирање лежи во фактот што учениците со посебни потреби, кои слушаат индивидуална образовна програма прилагодена за нив, екстерното тестирање го полагаат со прашања од друга, редовна програма.
За ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА ова е кршење на правото на учениците за правилно оценување.
Потсетуваме дека со вклучувањето на наставниот кадар во екстерното тестирање, се кршат нивните примарни работни задолженија, додавајќи им задачи кои не се во согласност со систематизацијата и описот на нивните работни задачи.
Затоа, екстерното тестирање треба да се прекине, како неадекватен и некорисен процес и за учениците, и за родителите и за просветниот кадар“, се вели во соопштението.