Лос Анџелес ќе им исклучува струја и вода на граѓаните кои прават домашни журки за време на пандемијата

Од:

Градските власти на Лос Анџелес ќе започнат со исклучување на снабдувањето со струја и вода во домовите каде за време на пандемија се оддржуваат забави во кои учествуваат голем број луѓе, најави денеска градоначалникот Ерик Гарсети.

Гарсети истакна дека наредба од ваков тип е веќе одобрена во одделот за водни ресурси и енергетика на градот и додаде дека мерката ќе важи од 7 август, со оглед на зголемениот број случаи на инфекции од коронавирус.

-Гледаме извештаи за масовни забави и собирања кои ги нарушуват издадените укази за време на пандемијата. Овие активности станаа своевидни ноќни клубови, кажа градоначалникот за да ги објасни акциите на градот.

Во изминатите 24 часа во Лос Анџелес се регистрирани повеќе од 2.300 нови потврдени случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на ниво на градот сега е над 197.000 заразени.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски