Полицијата на Лос Анџелес соопшти дека уапсила 13 лица за време на синоќешните протести, организирани поради изрекувањето на ослободителната пресуда на Џорџ Зимерман, кој беше обвинет за убиството на малолетното црномуресто момче Трајвон Мартин.
Протестите траат неколку дена, а синоќа дојде и до судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Судирите избија, откако демонстрантите блокираа пат и предизвикаа материјална штета на околните хотели, а полицијата интервенираше со солзавец и маневарска муниција.
Ширум САД се одржуваат протести против ослободувањето на Цимерман. На Лонг Бич во Лос Анџелес во петок ќе се одржи протестен марш наречен „Проштека на мирот“.