Лопез Обрадор: Ќе се преиспита соработката со САД околу борбата против дрогата

Од:

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата Влада, по апсењето на високи мексикански воени команданти, ќе ја преиспита соработката со САД во борбата против трговијата со дрога и како американските агенции работат во Мексико.

Изјавата на Лопез Обрадор следува по апсењето на 15 октомври во Лос Анџелес на поранешниот началник на мексиканската армија Салвадор Сиенфугес под обвинение за трговија со дрога и перење пари, врз основа на налог на американската агенција за борба против дрога ДЕА.

– Мора да го преиспитаме сето ова: како беа издадени овие налози за апсење, кој интервенираше, какви се договорите со американските агенти кои дејствуваат во Мексико, рече мексиканскиот претседател на редовна прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“