Лондонските весници укажуваат на „безбедносен пропуст“ при убиството на полицаецот кај Парламентот

Од:

Лондонските весници укажуваат на „безбедносен пропуст“ во случајот на убиството на полицаецот Кит Палмер, кој беше избоден со нож од терористот Халид Масуд, на една од двете големи влезни порти на британскиот Парламент.

Во текот на нападот од средата, Масуд со изнајмен автомобил, возејќи со голема брзина по тротоарот на мостот Вестминстер, усмрти тројца пешаци и повреди четириесетина други, а потоа удри во ѕидот до влезот и се втурнал низ вратата во дворот на Парламентот, каде го избодел Палмер, кој невооружен се обидел да го запре.

Весниците сега прашуваат како е можно, 12 години по терористичкиот напад од јули 2005 година и бројните безбедносни пречки поставени околу Парламентот, Масуд да навлезе низ отворената порта, во кругот на парламентарната зграда, полна со пратеници, министри и голем број админстрација.

„Тајмс“ бара итно преразгледување на обезбедувањето на Парламентот, означувајќи ја портата како „слаба точка“ во безбедноста, додека „Дејли Меил“ забележува дека пратениците, изгледа, и самите забележале дека нешто не е во ред и како треба, па пред две недели побарале ревизија на безбедноста на парламентарната зграда.

Засега, медиумите, не ја критикуваат работата на контраразузнавањето околу радикалзацијата на напаѓачот, иако и МИ5 и полицијата признаваат дека имале досие за него.

Масуд посебно и бил познат на полицијата поради неговото насилничко однесување во минатото, склоноста кон тепачки и нападите со нож. Тој едно време бил учител по англиски јазик, а исто така е и татко на три деца и трипати бил во затвор за насилство.

За него се знае дека преминал во ислам, за време издржувањето на една од казните, но не се знае каде се радикализирал со идеите на исламизмот и џихадизмот.

Повеќето весници пишуваат дека и радикализацијата била извршена во затвор, но таблоидот „Сан“ тврди дека Масуд, кој порано се викал Адријан Расел, се свртел кон тврдиот исламизам, за време на својот престој во Саудиска Арабија, каде едно време бил учител по англиски.

Медиумите повикуваат и на потребата да се добие пропагандната битка со исламизмот и џихадизмот и да се елиминира се она што на интернет го потхранува тероризмот.

„Дејли Меил“ денеска го оквалификува „Гугл“ како „пријател на терористите“, затоа што, како што вели весникот, за само две минути претражување може да се добие прирачник „како да искористиш автомобил за масовно убиство“. Овој, и уште некои весници, бараат од интернет гигантот конечно да ги прочисти своте редови од ваквите упатства.

Во нападот, што се квалификува како терористички, досега има четири жртви. Покрај ликвидираниот терорист, во болница биле примени 31 едно повредено лице. Сега, само двајца се наоѓаат во критична состојба, додека еден од нив се бори за својот живот.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон