Лондон сака ревизија на односите со Брисел

Од:

Во времето кога Брисел се подготува да ја поздрави Хрватска како нова, 28 членка на ЕУ, во Лондон се погласно се зборува за можноста од напуштање на Унијата. Таквата разврска, во која Британците по 40 години членство, би заминале од ЕУ е можна, но изгледа малку веројатна.

Велика Британија има традиционално најмногу евроскептици од сите земји членки, кои се редовни и остри критичари на состојбите во ЕУ. Тие ја осудуваат бројната бирократија, нејзината, како што велат, лакомост по пари и бенифиции и тоа што таа е „недемократска“, затоа што европската администрација не се создава после избори, па затоа тврдат дека таа нема мандат своите одлуки и решенија да им ги наметнува на државите кои се дел од Унијата.

Евроскептиците веруваат дека сегашната поставеност на ЕУ им ја задушува независноста и суверенитетот на националните Парламенти и на избраните власти на своте членки, па се противат на сите процеси за интегрирање, што според нив, не се ништо друго освен терен за создавање на некаква федерална, „супер држава“ по урнекот на САД.

Британските евроскептици затоа заговараат враќање на Европската унија на времето кога таа беше само Европска економска заедница (ЕЕЗ) или заедница на суверени држави кои слободно и без старите гранични и царински бариери, делуваат на единствениот пазар на Европа, задржувајќи ги принципите на слободниот пазар и слободното движење на стоките, идеите и на работната сила.

Ваквите заложби не се новина во Лондон, ниту се отскоро во оптек, зашто ги имаше и порано, во времето на војувањето на Маргарет Тачер и инаетењето на Џон Мејџор со Брисел, а се слушаа и за време на 13 – годишното управување на лабуристичките влади на Тони Блер и Гордон Браун, редовно доаѓајќи од редовите на Конзервативната партија и посебно на најзината десница. Од овие кругови сега доаѓаат и барањата за заминување на Велика Британија од ЕУ. Причините за најновите распалени антиевропски страсти се традициоанлниот евроскептицизам на ториевците, а поводот се моментната состојба во ЕУ, на политички и на економски план, најмногу потикнати од кризата со внатрешните долгови и грчкото банкротство.

Велика Британија остана осамена при определувањето на мерките за излегување од кризата и кога стана јасно дека со нив таа може да ја загуби привилегијата, Лондон да биде финасиски центар на ЕУ и на Европа. Тоа предизвика отворени расправија меѓу премиерот Дејвид Камерон и Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Никола Саркози. Бавното излегување од кризата и развлекувањето со мерките за стабилизрање на еврозоната, предизвика расправијата да продожи и со новиот шеф на француската држава, Франсоа Оланд. В

ладата во Лондон стравува од идната ЕУ со „две брзини“ во која едни члени ќе бидат оние од еврозоната, а другите земјите кои не го прифаќаат еврото. Првата група ја зацврснува внатрешната интеграција и тоа го оправдува со спасувањето на еврото, но Велика Британија која е надвор од зоната на заедничката валута, се плаши дека тогаш ќе биде сосема потисната и маргинализирана во таква ЕУ, во која ќе доминира Германија.

Погрешно е, меѓутоа, за сегашната криза во односите меѓу Лондон и Брисел да се обвинуваат само надворешните фактори, особено што новите европски проекти се уште немаат зелено светло од сите членки.

Во овој момент, Камерон има повеќе проблеми дома, со своите ториевци и со својата пратеничка група. Нејзиното десно крило од актуелниот партиски лидер и премиер бара да биде „челичен“ како Тачер во европските прашања. Проблемите за Камерон се усложнуваат и затоа што управува со коалициона влада, во која партнерот е силно проевропски определен. Како се приближува времето до следните избори (мај 2015 година) расте притисокот од ториевците за истакнување на идентитетот на партијата, кога станува збиор за прашањата со ЕУ и за дистанцирање од европеизмот на либералдемократите.

Со стеснет маневарски простор, Камерон е принуден да прифаќа заложби во кои понекоаш лично не верува. Во такви услови тој сега застана зад иницијатавата на 100 торивски пратеници, за темелна ревизија на односите на Лондон со Брисел, јавно изјавувајќи дека верува оти нов дил со ЕУ е можен. Тој инсистира дека и доколку има референдум, тој би бил само за верификување на новиот договр со Унијата, а не за излегување од неа. Камерон инсистира дека референдум за или против ЕУ би предизвикал „лажна дилема“ и зборува дека Велика Британија треба да остане во ЕУ.

Така велат и во ЕУ, а посебно на тоа инсистира Меркел, која за време на последниот престој во Лондон изјави дека не може да ја замисли ЕУ без Велика Британија. Но дипломатите во Берлин и во Париз јавно приговараат дека Британците бараат невозможно, а италијанскиот премиер Марио Монти забележа дека британските гласачи еднаш ќе мора да кажат дали навистина сакаат нивната земја да биде надвор од ЕУ. Ирскиот премиер Енда Кени, отиде чекор повеќе и на Лондон му порача дека барањето за целосна ревизија на односите со Унијата е невозможно, затоа што за него треба да се изјаснат и да го прифатат сите 27 земји членки, а таков кворум оваа британска Влада тешко може да обезбеди.

Во самата Велика Британија сите не се за заминување од ЕУ, а посебно опозиционите лабуристи, како и либералдемократите кои се коалиционен партнер во Владата. Овие две партии не прифаќаат ниту референдум по дилот со ЕУ, во кои Лондон ги сака назад овластувањата што еднаш веќе му ги префрлил на Брисел. Ваквата внатрешна клима, како и отсуството на сојузници во Европа, го прави британското излегување од ЕУ малку веројатно и тешко остварливо.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Англија ја совлада Ирска

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани