Лондон: Четири лица убиени со нож, уапсен осомничениот за нападот

Од:

Три жени и еден маж се убиени со убоди од нож во стан во Лондон, соoпшти утрово полицијата, наведувајќи дека еден осомничен е уапсен.

Полицијата ги пронашла синоќа околу 1.40 часот по локално време (2.40 часот по средноевропско време) откако добила пријава од стан во Саутворк, лондонски кварт јужно од реката Темза.

Полицијата пронашла четири лица кои имале видливи повреди нанесени со ладно оружје, соопшти лондонската полиција.

„Три жени и еден маж се прогласени за мртви на самото место“, соопшти полицијата.

Уапсен и притворен е маж, осомничен дека е поврзан со убиствата, а за случајот е отворена истрага.

Како што се дознава, по се изгледа сите пет лица меѓусебно се познавале.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година