Локалните власти со повик до граѓаните на Киев да останат во домовите

Од:

Градските власти на украинската престолнина ги повикаа граѓаните на Киев да не излегуваат од своите домови освен во случаи на крајна нужда.

„Борби и натаму се водат практично во сите делови на градот“, се наведува во соопштението лиферувано преку апликацијата за размена на пораки „Телеграм“. Притоа се советуваат луѓето да излегуваат од домовите само за набавка на храна или лекарства.

„Синоќа беше релативно мирно во Киев, иако се регистрани престрелки со диверзантски извидувачки групи. Активностите во градот се воглавно насочени во подготовки за одбрана“, стои во соопштението.

Продавниците и јавниот превоз низ градот утрово работаат, со тоа што возовите од подземната железница соорбаќаат поретко од вообичаеното.

Во сила останува полицискиот час во периодот од 22 до 7 часот.

Властите истовремено повикаа на грижа за соседите, особено за постарите лица и оние чии членови се вклучени во одбраната на градот и земјата.

Исто така се упатува апел до јавноста да обрне внимание на домовите на луѓето кои го напуштија градот, односно да спречат кражби.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски