Во Шпанија денеска се одржуваат локални избори, на кои аналитичарите предвидуваат дека можат да најават крај на двопартискиот систем, кој доминираше во земјата речиси четири децении.
Тие оценуваат дека граѓаните, незадоволни од последиците од економската криза и корупциските скандали можат да ги казнат владејачката Народна партија, но и опозициските социјалисти.
На овие избори, исто така се гледа како најава на она што Шпанија може да ја очекува на општите избори кон крајот на оваа година.