Локални избори во Јужна Кореја – прв тест за новиот претседател Јун Сук Јеол

Од:

Околу 44 милиони Јужнокорејци денеска излегоа на гласање за да изберат градоначалници и гувернери на провинциите.

Британските медиуми наведуваат дека изборите се сметаат за првиот посериозен тест за новиот претседател Јун Сук Јеол и неговата аспирација да го поттикне економското закрепнување и да ги реши нееднаквостите во земјата.

Изборната трка се води за повеќе од 4.000 локални канцеларии, меѓу кои 17 градоначалници на градови и провинции, како и седум пратенички места, а излезноста на гласачите до 13 часот изнесуваше 38,3 отсто за локалните канцеларии и 41,8 отсто за парламентарните места, наведуваат британските медиуми.

Според изборните анкети, најсериозна трка ќе има за гувернер на најнаселената провинција Ѓеонгџи и место во парламентот од Инчеон, западно од главниот град Сеул.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски