Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека САД се подготвени да ги бранат балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија доколку е потребно.
„САД остануваат цврсто посветени на слободата и суверенитетот на нашите балтички сојузници“, рече Остин на прес-конференција во Талин по разговорот со естонските лидери.
„Остануваме обединети со вас за да ве заштитиме и да спречиме каква било закана за нашата заедничка безбедност“, нагласи тој.