Американскиот министер за одбрана е на интензивна нега

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е примен на одделот за интензивна нега како дел од неговата хоспитализација поради итен проблем со мочниот меур, објави Пентагон.

„По серија тестови и проценки, министерот беше примен на одделот за интензивна нега во Националниот воено медицински центар Волтер Рид за поддршка и внимателно следење“, се вели во соопштението.

Пентагон претходно соопшти дека Остин бил вратен во болница за лекување на „симптоми кои укажуваат на итен проблем со мочниот меур“. Малку подоцна беше објавено дека Остин ги префрлил своите овластувања на заменичката Кетлин Хикс, која моментално ја извршува функцијата шеф на Пентагон.

Остин (70) беше примен кај Волтер Рид на 22 декември за лекување на рак на простата.

Би можело да ве интересира

Остин: Ако падне Украина, навистина верувам дека НАТО ќе влезе во борба со Русија

Остин изјави дека американската администрација останала без пари за помош на Украина

Трамп бара оставка од Лојд Остин, Бајден не размислува за тоа

Американскиот министер за одбрана пристигна во Киев: „Сè уште сме со Украина“

Катерина Ѓуровски

Американскиот министер за одбрана: Украина има голем број опции

Лојд Остин: САД се подготвени да ги бранат балтичките земји доколку е потребно