Литванската премиерка ги одби оставките на двајца министри заради кршење на санциите кон Белорусија

Од:

Литванската премиерка Ингрида Симоните денеска ги одби оставките на министерот за надворешни работи, Габриелиус Ландсбергис, и на министерот за транспорт, Мариус Скуодис, кои соопштија дека ќе се повлечат поради транзитните испораки од Белорусија и покрај американските санкции, јави ДПА.

Симоните денеска кажа дека владата ќе продолжи со својата работа без каква било промена во персоналниот состав.

ДПА појаснува дека во Литванија министрите ги именува и разрешува претседателот, на предлог на премиерот.

Двајцата министри ги понудија своите оставки заради испораките на белоруски ѓубрива што продолжија да се пренесуваат до Литванија со железница.

-Секоја голема реконструкција може да доведе до нестабилност, рече Симоните, нарекувајќи го ова неодговорно, имајќи ја предвид проблематичната геополитичка ситуација и тековните предизвици на пандемијата и миграцијата.

Литванската државна железничка компанија сè уште пренесува ѓубриво од компанијата „Белорускали“, иако стапија на сила американските санкции насочени кон белоруската државна компанија.

Литванската железничка компанија соопшти дека е тоа така затоа што „Белорускали“ извршила авансни плаќања според постоечките договори. „Белорускали“ голем дел од своето производство го извезува преку Литванија, појаснува германската агенција.

Американските санкции беа воведени во август и стапија на сила на 8 декември, а се поврзани со насилното задушување на мирните протести по спорните претседателски избори во Белорусија минатата година.

Литванија се смета за еден од најгласните застапници на белоруското демократско движење ширум светот, а владата во Вилнус бара строги санкции кон Минск.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина