Литванија ќе одвои 41 милион евра за воена помош за Украина

Од:

Министерството за одбрана на Литванија денеска објави уште еден пакет воена помош за Киев во вредност од 41 милион евра (околу 44 милиони долари), по повод Денот на независноста на Украина.

Пакетот вклучува муниција за рачни фрлачи на гранати „Карл Густаф“, пушки, радари за поморски надзор, муниција од 5,56 милиметри, генератори, системи против дронови и друга опрема, пишува Киев Индипендент.

Украина ќе добие и фрлачи за норвешкиот напреден ракетен систем земја-воздух (NASAMS), се наведува во соопштението.

– Вилнус испорача повеќе од половина милијарда евра воена поддршка на Украина од почетокот на руската инвазија, изјави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ