Литванија ќе испорача воена помош на украинската армија

Од:

Литванија ќе обезбеди одредена воена помош на украинските вооружени сили, за да ги помогне во борбата против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Се договоривме за испораки на конкретни елементи од конкретно вооружување за украинските вооружени сили, рече Порошенко по разговори со литванската колешка Далија Грибаускаите.

– Тоа е реална помош, рече тој. Тој не прецизираше за какво оружје станува збор.

Грибаускаите го потврди договарањето на воена соработка.

– Литванија е подготвена да го сподели искуството во сите области, вклучувајќи ја и воената, додаде литванската претседателка.

Литванија и предложи на Украина да организираат заеднички воени вежби и да го завршат формирањето на литванско-украинска-полска бригада, соопштија од литванската прес-служба на претседателот.

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала