Властите во Португалија објавија синоќа дека ќе одделат 4,9 милијарди евра спасувачка помош за да спречат банкрот на банката „Банко Еспирито Санто“, една од најстарите и најголемите финансиски институции во земјата.
Управникот на националната банка Карлуш Кошта соопшти дека „здравите“ кредити на банката ќе бидат задржани, а „токсичните“ префрлени во т.н. лоша банка.
Минатата седмица цената на акциите на „Банко Ешпирито Санто“ опадна за околу 75 отсто, откако кредитната институција објави рекордна полугодишна загуба од 3,58 милијарди евра.