Не стивнуваат критиките за одлуката на Доналд Трамп да го забрани влезот во САД за имигранти и бегалци од седум претежно муслимански земји.
Оваа одлука на Трамп наиде на бурни реакции кај фирмите од технолошкиот сектор, особено во Силиконската долина, која привлекува талентирани луѓе од сите делови на светот.
Голем број компании, вклучувајќи го и Фејсбук, го искажаа своето несогласување со оваа одлука, а кон критиките се приклучи и Лифт, еден од конкурентите на Убер во трката за поевтин и поквалитетен превоз.
Лифт донираше 1 милион долари на здружението „Американска заедница за граѓански слободи“, наведувајќи дека тоа го прават за да се одбранат вредностите за кои што се залагаат, бидејќи тоа здружение правно се бори против оваа одлука.