Лидерот на социјалистите именуван за премиер на Португалија

Од:

Лидерот на Социјалистичката партија на Португалија, Антонио Коста денеска е именуван за премиер.

Претседателот Анибал Кавако Силва му го додели мандатот на Коста за формирање на нова влада, која ќе биде поддржана од Комунистичката партија и радикалниот Лев блок. 

Малцинската Влада на Десниот центар беше принудена да поднесе оставка, 11 дена по положувањето заклетва, откако пратениците одбија да ја поддржат нејзината програма за штедење.

Умерената Социјалистичка партија формираше Сојуз со Комунистичката партија и радикалниот Лев блок и со гласовите од партијата на Зелените се стекна со мнозинство во Парламентот од 230 пратеници, кои пред две недели гласаа против владината програма на премиерот Педро Пасос Коељо. 

Владата на Десниот центар го изгуби парламенатрното мнозинство на изборите одржани на 4 октомври на кои граѓаните покажаа несогласување со мерките за штедење усвоени откако Португалија во 2011 година зема заем од меѓународните кредитори во износ од 78 милијарди евра. 

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија