Лидерот на „Муслиманско братство“ и 36 други исламисти од Египет осудени на доживотен затвор

Од:

Египетски суд денеска ги осуди лидерот на „Муслиманско братство“, Мохамед Бадија, и 36 други исламисти на доживотен затвор заради поттикнување кон насилство по ланското соборување од власта на претседателот исламист Мохамед Морси, пренесоа светските агенции.

Бадија, кој е во затвор, веќе е осуден на смрт за две други кривични дела. Нему му се суди и за уште неколку други кривични дела, заедно со  останатите водечки фигури од „Муслиманско братство“ – движење кое е забрането во Египет.

Судот, кој на Бадија му ја определи казната доживотен затвор, воеено ги потврди смртните казни за други 10 обвинети за истото кривично дело.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро