Лидерот на мјанмарската опозиција Аунг Сан ќе ја посети Кина

Од:

Лидерот на опозицијата во Мјанмар, добитничката на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Ќи идната недела ќе престојува во официјална посета на Кина.

Оваа вест во југоисточна Азија, но и пошироко, се толкува како многу важен политички потег, кој ќе има влијание на актуелните меѓународни односи во регионот, а директно ќе влијае и на односите на Мјанмар со Кина и САД.

Аунг Сан, како што соопшти портпаролот на нејзината партија, Национална лига за демократија, од 10 до 14 јуни во Пекинг ќе има средби и со кинескиот претседател Кси Џинпинг и премиерот Ли Кеџианг.

Аналитичарите потсетуваат дека по 2011 година, кога воената хунта беше заменета со полуцивилна Влада, Мјанмар се обидуваше да ја намали големата економска и политичка зависност од Кина. Пекинг често и нервозно реагираше на доближувањето на Мјанмар кон САД, чија администрација со невообичаена брзина ги укинуваше забраните за економска и воена соработка со Мјанмар.

До крајот на годинава во Мјанмар ќе се одржат парламентарни избори на кои, се претпоставува дека ќе победи опозицијата со голема разлика.

Сегашниот режим се уште очекува дека и по изборите ќе може да ја зачува политичката контрола во државата, со тоа што во Парламентот би се задржало правото армијата да делегира една третина од пратеници. Тие, според сегашниот закон, имаат право на вето на одлуките, но дали таа состојба ќе остане и натаму, ќе зависи од резултатите на референдумот што треба да се оддржи најдоцна до август.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк