Лидерот на јеменското шиитско движење го отфрли договор за федерализација

Од:

Лидерот на јеменското шиитско бунтовничко движење Хуси го отфрли минатогодишниот договор за реформи, со кој се предвидуваше Јемен да биде поделен на шест федерални единици.

Отфрлувањето на договорот е оценет како тежок удар врз локалните и меѓународните напори за обединување на поделената земја.

Во телевизиското обраќање на лидерот на Хуси, Абдел-Малек ал Хуси истакна дека го отфрла договорот и додаде оти бунтовниците имаат контрола врз низа јеменски градови, меѓу кои и врз Сана.

– Бидете внимателни на секекви обиди да биде задушена револуцијата, посочи ал Хуси.

Движењето Хуси, поддржано од соборениот претседател Али Абдула Салех, е едно од највлијателните групи во Јемен. Движењето се бори за власт со претседателот Абдд Рабо Мансур Хади. Опоненетите на движењето тврдат дека Хуси е поврзан со шиитски Иран.

Јемен се соочува и со сепаратистичко движење на југ, како и со екстремистички групи како што е Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, која според Вашингтон е најопасниот огранок на терористичката мрежа.

Група за национален дијалог, составена од делегати од целата земја минатиот феврури постигнаа договор за преструктуирање на регионите во Јемен со цел да се надмина нестабилноста во земјата.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида