Лидерот на јеменските хуси бара откажување од планот за федерализација

Од:

Лидерот на шиитските бунтовници хуси Абдел Малик ал Хуси, чии борци вчера ја опколија резиденцијата на јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади и упаднаа во претседателската палата, го предупреди Хади да се откаже од намерата за поделба на земјата на шест федерални региони, јави ДПА.

Хуси го критикуваше планот, согласно кој северните области, контролирани од неговото шиитско движење, ќе бидат поделени на три региони и изјави дека тоа е меѓународен заговор, што има за цел распад на Јемен.

Во револтно 80-минутно обраќање на телевизијата „Ал Масира“, Хуси повика за итна интервенција за решавање на безбедносните проблеми, главно во Ал Махрах.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен