Лидерот на Боко Харам убиен во судир со војската

Од:

Лидерот на радикалната нигериска исламистичка групација Боко Харам, Абубакар Шекау е убиен во судири со војската, соопшти нигериската армија. 


– Најопасниот и најбараниот лидер на терористите од Боко Харам е мртов, се наведува во соопштението.


Во него се додава дека постои веројатност дека Шекау е убиен меѓу 25 јули и 3 август.


Нигериската војска на 14 август соопшти дека го убила човекот „број два“ на исламистичката група „Боко Харам“ при одговор на бунтовнички напад на почетокот на овој месец.


Во градот Бама на 4 август во терористички напад на групата Боко Харам е убиен Момоду Бама, додаде тогаш армијата. Во судирите со армијата, истиот ден кога е убиен Бама се убиени и 17 екстремисти.


Бама бил заменик на Шекау, кого САД го прогласија за терорист.


Од 2009 година во бунтовнички насилства во Нигерија животот го загубиле околу 3.600 лица.


Во Нигерија има околу 160 милиони жители строго поделени на муслиманско население во северниот дел и христијани во јужниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин до рускиот банкар: Илон Маск ќе и се врати на науката., здружете ги силите со него

Предраг Петровиќ

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп по разговорите со Русите: Рејтингот на Зеленски е 4 проценти, мора да оди на избори