Лидерот на австриските националисти го повика Курц да почнат коалициски преговори

Од:

Националистичката Партија за слободата на Австрија (ФПО), која се пласираше на третото место на изборите во неделата, освојуваќи само еден пратеник помалку од Социјалдемократската партија (СПО), денеска побара да започнат преговори за формирање на десноориентирана владина коалиција.

Повикот е упатен до конзервативната Австриска народна партија (ОВП) на Себастијан Курц, која убедливо победи на изборите и има можност да избере дали ќе формира нова коалиција со ФПО или ќе го продолжи досегашниот коалициски договор со СПО.

– ФПО нема да прави компромиси по клучните прашања. Ние нема да паднеме на колена пред кого било, изјави лидерот на ФПО, Хајнц Кристијан Штрахе.

Штрахе бара од идната влада да воведе строга контрола на границите на Австрија, со цел да се запре „исламизацијата на земјата“. Тој воедно бара и да се намалат даноците, со цел да се стимулира австриската економија. По овие две прашања има висок степен на согласност меѓу конзервативците и националистите. За да го загарантира чувањето на границите, Штрахе бара неговата партија да го добие Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник