Лидерот на Ал Каеда повика на прекин на борбите меѓу исламистите во Сирија

Од:

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири го повика сирискиот огранок на неговата терористичка мрежа, фронтот Ал Нусра да ги прекине на вооружените судири со останатите исламистички групи во Сирија.

Во видео пораката објавена на еден исламиситчки интернет сајт, Завахири бара од лидерот на Ал Нусра, Абу Мохамед ал Џулани да „им нареди на борците на фронтот итно да престанат да се борат“ со другите исламистички групи во Сирија.

Според Завахири, членовите на Ал Нусра треба да се насочат на борба против „непријателите на исламот“, односно против членовите на сириската владечајка БААС партија, шиитите и нивните сојузници.

Од јануари, па досега, во судирите меѓу ривалските бунтовнички групи, пред се меѓу Ал Нусра и движењето Исламска држава на Ирак и Левантот, загинаа илјадници лица.

Завахири воедно го повика и лидерот на Исламската држава на Ирак и Левантот „да се насочи кон борбата против непријателите на исламот во Ирак, со цел да го запре колежот“ во оваа земја.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад