Лидерот на Ал Каеда ги повика џихадистите во Сирија на обединување

Од:

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, ги повика соперничките џихадисти во Сирија да се обединат затоа што во спротивен случај им се заканува смрт.

Во денеска лиферуваната аудиопорака на Интернет првиот човек на Ал Каеда борците на групата Исламска држава повторно ги обвини дека се „екстремисти“, пренесоа британските медиуми.

– Ние треба да го сакаме единството на муџахедините во Шам (Сирија) . . . Браќа мои . . . прашањето за единството за Вас е прашање на животот и смртта, рече Завахири.

Автентичноста на снимката, што е прва од јануари, засега не може да се потврди од независен извор, но таа ги има карактеристичните делови од неговите претходни пораки.

Завахири го искритикува политичкиот процес за изнаоѓање решение за кризата во Сирија, што се води под закрилата на ОН, и ја пофали сириската ќелија на Ал Каеда – Фронтот Ал Нусра, што контролира поголем дел од провинцијата Идлиб.

Тој повторно ги потенцира идеолошките разлики меѓу Ал Каеда и Исламска држава. Споредс него, борците на Исламска држава се „екстремисти и отстапници“, а нејзините следбеници на крајот ќе се откажат од нејзините убедувања и методи.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија