Лидерката на шведската Партија на центарот го врати мандатот за формирање влада

Од:

Лидерката на шведската либерална Партија на центарот (Ц), Ани Лев денеска соопшти дека го враќа доделениот мандат за состав на нова влада на Шведска.

Како што јави ДПА, Лев нагласи дека таа не успеала во својот обид за обезбедување парламентарно мнозинство поради „ненадминливите разлики“ меѓу двата основни политички блока во Шведска.

– Во вакви услови кога имаме поделеност на Парламентот, едната страна треба да покаже толерантност кон другата за да најдеме решение и да добиеме влада. Во моментов нема услови за нешто такво, истакна Лев.

На парламентарните избори во Шведска одржани на 9 септември, ниту еден од двата главни политички блока – левоцентристичкиот, предводен од Шведската социјалдемократска работнича партија (САП) и десноцентристичкиот, на чело со конзервативната Умерена партија (М), не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.

Лев нагласи дека ниту социјалдемократите, ниту конзервативците не искажале подготвеност да поддршата влада што би ја предводела таа.

Претседателот на шведскиот Паралмент, Андреас Норлен минатата недела и го довери мандатот за формирање влада на Лев, откако претходно ниту лидерот на конзервативците Улф Кристершон, ниту првиот човек на САП и актуелен премиер Стефан Ловен, не успеаја во обидите за формираат влади.

Партијата на центарот, која е традиционален сојузник на конзервативците, претходно не го поддржа Кристершон при формирањето влада, нагласувајќи дека таквиот кабинет би бил зависен од екстремно десничарската и антимигрантска партија Шведски демократи (СД).

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица