Лидерката на АФД на средби со блиски сојузници на Путин во Москва

Од:

Претседателката на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД), Фрауке Петри за време на викендот имала средби со руски официјални претставници во Москва, како и се руски ултранационалисти, сојузници на претседателот Путин.

Портпаролот на АФД, Оливер Ланг денеска соопшти дека Петри во Москва разговарала за можна соработка меѓу руските и германските регионални парламенти.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, АФД е има пратеници во 10 германски покраински парламенти, а се очекува на изборите во септември да ја формализира својата позиција на трета најсилна партија во Бундестагот.

Според Ланг, во Москва не се разговарало за руска финансиска помош за АФД и дека средбите меѓу партијата и руски претставници ќе продолжат и во блиска иднина.

Меѓу руските политичари со кои се сретнала Петри се лидерот на екстремно десничарската Либерално демократска паерија на Русија (ЛДПР), Владиммир Жириновски и со претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Државната Дума, Вјачеслав Володин. Германската политичарка во Русија престојувала на покана на градоначалникот на Москва.

Прашањето за руско финансирање на европски екстремно десничарски партии стана актуелно откако претставници на САД и Германија ја обвинија Русија за обид за влијание на изборите и јавноста со пласирање на лажни вести и кибер напади.

Предходно во 2014 година францускиот екстремно десничарски Национален фронт на Марин Ле Пен, доби заем од 9 милиони евра од московската „Прва Чешко-Руска банка“, која подоцна ја загуби лиценцата за работа.

Австриската екстремно десничарска Партија на слободата лани потпиша договор за соработка со партијата на рускиот претседател Единствена Русија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми