Лидерите на ЕУ утре на редовен самит посветен главно на Брегзит

Од:

На помалку од сто дена до крајот на транзицискиот период за истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, лидерите на земјите членки на Унијата ќе се сретнат во Брисел за да дискутираат за излез од ќор-сокакот во кој се наоѓаат преговорите помеѓу ЕУ и Лондон, а ќе го сослушаат и главниот европски преговарач, Мишел Барние. Лидерите ќе треба да се усогласат за сценарио на Брегзит без договор и ублажување на неговите последици доколку Лондон и Брисел не успеат да постигнат траен трговски договор пред 31 декември.

На дневен ред е и пандемијата со Кодив-19, шефовите на држави и влади ќе разговараат за координацијата на ЕУ за набавка и дистрибуција на вакцини против вирусот, штом тие бидат достапни.

Ќе се разговара и за обновената стратегија за борба против климатските промени. Европската Комисија пред неколку недели најави дека доколку ЕУ сака да бидат првиот климатски неутрален континент во светот до 2050, амбициите за намалување на штетните стакленички емисии треба да бидат ревидирани за да достигнат намалување за 55 отсто до 2030, наместо сегашните 40 отсто.

Односите со Африка се официјална на програмата на разговори на лидерите утре и задутре, а се очекува да стане збор и за ситуацијата во Белорусија, Нагорно Карабах како и источниот Медитеран.

Би можело да ве интересира

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

A1on

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски