Лидерите на Европската унија одобрија почеток на нова фаза од преговорите за Брегзит.
– Лидерите на ЕУ се договорија да почнат втора фаза од разговорите за Брегзит. Честитки за премиерката Тереза Меј, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Откако утврдија постигнување доволен напредок од првата фаза од разговорите за напуштање на ЕУ од страна на Британија, на Самитот во Брисел е постигнат договор за покренување нова фаза што подразбира преговори за условите на транзицискиот период и изработка на рамки за идните односи.