Лидерот на терористичката група Ирфан Насир, која планирала во Велика Британија да изврши напад, сличен на оној од 11-ти септември 2001 година во САД, е обвинет во судот во Вулвиќ на доживотна казна затвор.
Судијата во Бирминген, Ричард Енрикес истакна дека Насир (31) по 18 години поминати во затвор, може да побара помилување.
Освен него 15 години затворска казна доби и Ашик Али, додека на осум други членови во групата им е одредена затворска казна од 12 години.
Обвинителите истакнаа дека обвинетите, инспирирани од говорите на екстремистичкиот проповедник Анвар ал Авлакиј, сакале да активираат осум бомби.
Акцијата е откриена пред групата да избере контректна мета и да ги постави бомбите.
Елена Георгиевска