Египетскиот суд го осуди денеска еден од лидерите на Муслиманско братство Мохамед ел Белтаги на една година затвор поради навреда на судот и тоа е прва предуда на организацијата откако минатата година е забранета, соопштија неименувани безбедносни и судски извори.
Белтаги е еден од 13-те лидери на Муслиманско братство кое обвинителството го товари, заедно со поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси, за поттикнување на убивање демонстранти пред претседателската палата, за време на протестите на крајот на 2012 година.