Либија со закана дека ќе возврати на евентуални воени акции од ЕУ

Од:

Либија ќе возврати на евентуални воени дејствија на ЕУ за запирање на криминалци кои вршат трговија со луѓе, изјави премиерот на непризнатата либиска влада во Триполи, Халифа ал Гауи за Индепендент.

– Либија е подготвена да се судри и да одговори на воени дејствија што ги планира Европската унија во обид да спречи шверцери да користат држави од Северна Африка како база за превоз на мигранти преку Медитеранот, предупреди тој.

Во интервјуто Гауи ја спореди таа стратегија со „колонијален менталитет“ на италијанските окупатори на Либија од минатиот век и смета дека тоа е „целосно неприфатливо во современиот свет“.

– Не може да доаѓаат и да не контролираат. Не може да се враќаме во епохата од 1911 година, да решаваат странци. Располагаме со секакви можности да се заштитиме и тоа сме го покажале во историјата, предупреди Гауи.

Поради се поголемиот број бегалци од Африка и Блискиот исток кои ја користат Либија како транзитна точка, Велика Британија и европските партнери разгледуваат варијанти меѓу кои и потопување бродови на криминалци кои шверцуваат луѓе и вооружени операции во Либија, наведува Индепендент.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он