Либискиот министер за надворешни работи Мохамед Тахер Сиала ја отфрли синоќа идејата бегалците спасени од морето да се вратат во Либија.
– Со тоа ЕУ би ја отфрлила својата одговорност и наместо тоа на нас би го префрлила товарот, изјави тој на конференција на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена.
Сиала порача дека Либија единствено ќе ги прифати оние кои во своите документи имаат либиска виза.
Тој нагласи дека ЕУ мора да инсистира на спогодба за реадмисија со африканските земји, бидејќи Либија е само транзитна земја за африканските бегалци.
Тој смета дека е неопходно да се создадат подобри услови во земјите на потекло, односно работни места за младите, бидејќи тоа е единствен пристап со кој ќе се спречи миграцијата.