Либија ја условува воената мисија на ЕУ во Медитеранот

Од:

Постојаниот амбасадор на Либија во ОН, Ибрахим Дабаши соопшти дека неговата земја нема да се соогласи на каква и да било подддршка од страна на Светската организација за воената мисија на ЕУ против шверцерите на луѓе во Средоземното Море.

Дабаши нагласи дека Владата на Либија нема да даде зелено светло за Резолуција на ОН со кој би и се поддржала мисијата на ЕУ, се додека европските земји ја разгледуваат таквата идеја со либиските паравоени фомации, кои ги контролираат крајбрежните региони на земјата.

– Позицијата на Либија е јасна. ЕУ и другите земји нема да го добијат нашето „да“, се додека не постигнат договор со легитимната Влада (на Либија) во својство на легитимен претставник на либискиот народ, нагласи Дабаши.

На 18 мај лидерите на ЕУ донесоа одлука за започнување на воена мисија чија цел ќе биде уништување на бродовите што ги користат шверцерите на луѓе за транспорт на илегални имигранти преку Средоземното Море до Европа.

Ваквата одлука на Унијата уследи откако во неколку инциденти со бродови со имигранти во Медитаранот во само еден месец загинаа над 1.200 луѓе.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он