Либерман предлага ОН да преземат контрола врз Појасот Газа

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман денеска предложи Обединетите нации да ја преземат контролата врз Појасот Газа од палестинското исламистичко движење Хамас.

– Треба да се разгледа идејата за ставање на Појасот Газа под управа на ОН. Светската организаиција досега добро се соравуваше со другите управни мандати во некои територии, изјави Либерман на седница на Комисијата за надворешни работи и одбарана на израелскиот Кнесет.

Либерман спаѓа во групата на „јастреби“ во Владата на Израел, кои се залагаат за целосна израелска окупација на Појасот Газа, со цел целосно уништување на Хамас.

Директорот за политички и воени прашања при израелското Министерство за одбрана, Амос Гилад меѓутоа се спротивстави на предлогот на Либерман, оценувајќи дека меѓународните сили „не би биле способни да ги гарантираат редот и безбедноста“.

– Тие немаат капацитет за тоа, нагласи Гилад во изјава за државното Израелско радио.

Во исто време, Израелското воено радио јави дека предлогот на Либерман досега не бил разгледуван од страна на Советот за национална безбедност на Израел.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници