Либерман побара голема воена операција против Хамас во Појасот Газа

Од:

Министерот за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман денеска побара покренување на голема воена операција во Појасот Газа за да се зададе удар врз Хамас.

Израел ја обвинува исламистичката организација за киднапирање и убиство на тројца израелски тинејџери, чии тела синоќа беа пронаједни во блзина на селото на селото Халхул, Западен Брег.

– Не би требало да ги ставаме главите во песок, мора да разбереме дека постои поврзаност меѓу убиствата на тинејџерите и засилениот број ракетни напад врз југот на Израел, посочи Либерман.

Тој смета дека тоа потекнува од напорите Хамас да преземе контрола врз Западниот Брег по недамнешното формирање палестинска влада на единство поддржана од Фатах и Хамас.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници