Либерман официјално обвинет за злоупотреба на функција

Од:

Главниот обвинител на Израел поднесе денеска во суд во Ерусалим обвинителен акт против поранешниот израелски министер за надворешни работи Авигдор Либерман, јави Израелското радио.

Либерман е обвинет за измама и злоупотреба на службена должност. Имено, тој во 2009 година назначил свој познаник за амбасадор во Латвија откако тој му доставил доверлива информација за полициска истрага против него.

Главен сведок ќе биде заменик министерот за надворешни работи  Дани Ајалон, шеф на Комисијата која го назначила амбасадорот.

Овој месец Либерман поднесе оставка како министер за надворешни работи откако обвинителот објави дека има сомневања оти Либерман е вмешан во скандал. И покрај тоа, Либерман е втор на листата за парламентарните избори на 22 јануари на владејачката партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и на партијата на Либерман – Израел бејтену (Наш дом Израел). Главниот обвинител прекина без подигнување друго дело против Либерман за сомневање за перење пари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски