Либерман: Израел треба да размисли за повторна окупација на Газа

Од:

Најновата ескалација на насилствата долж израелската гранцица со Појасот Газа, би требало да го поттикне Израел да размисли за повторна окупација на оваа палестинска територија долж Средоземното Море, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман.

– Мораме да решиме дали ќе одиме на алтернатива што ќе вклучи целосно освојување на Појасот Газа. Видовме дека органичените воени операции само го потикнуваат Хамас, така што алтернативниот избор е сосема јасен, порача Либерман.

Изјавата на Либерман следи само неколку часа по израелските воени напади врз 12 цели во Појасот Газа во текот на минатата ноќ, како одговор на ракетирањата од оваа територја под контрола на плестинското исламистичко движења Хамас врз јужен Израел.

Ракетните напади од Газа врз Израел не ги вршат припадници на Хамас, туку членови на помали екстремистички групи, како Народниот комитет на отпорот, кои се лојални на исламиситчкото движење.

Израел ги повлече своите војници и доселеници од Појасот Газа во 2005 година, по што набрзо оваа палестинска автономна територија падна под контрола на Хамас.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници