Либерман: Ердоган е „антисемитистички силеџија“

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „антисемитистички силеџија“.

На средба со израелските амбасадори денеска, Либерман рече дека Европа се држи во страв, и поради тоа не реагира.

Во обраќање до амбасадорите во Европа и Азија, Либерман, лидер на крајнодесничарската партија „Израел бејтену“, упати критики до Ердоган, кој е остар критичар на израелската политика кон Палестинците.

– Цивилизираното, политички коректно молчење на Европа на „антисемитистичкиот сосед силеџија Ердоган и неговата банда“, не враќа назад кон 30-те години на минатиот век, рече Либерман, имајќи го предвид прогонот на Евреите во нацистичка Германија.

Односите меѓу Израел и Турција се влошија во последните пет години, откако во 2010 израелски командоси упаднаа на турскиот брод „Мави Мармара“ на пат кон Појасот Газа како дел од флотата, која се обидуваше да ја пробие израелската блокада.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Хезболах ја проби одбраната на Израел, ракети ја погодија Хаифа